Без вода неколку улици во Скопје

Од 9.30 часот денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците на улиците „Св. Прохор Пчињски“ и „Македонски кралеви“, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Прекинот во снабдувањето со вода е поради изведување водоводен приклучок ф-100 мм на крстосницата на „Св. Прохор Пчињски“ и „Македонски кралеви“ и ќе трае до завршување со работните активности.

10.08.2022 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа