Без проблеми почна гласањето во Кичево, Македонски Брод и Пласница

Гласањето во Кичево се одвива без проблеми на сите 113 избирачки места кои се отворени на време во седум часот, информира преседателката на ОИК, Антигона Сефери.
Во Кичево право на глас имаат вкупно 50.410 граѓани запишани во Избирачкиот список.

Во Македонски Брод се гласа во 42 избирачки места каде право на глас имаат 5.051 граѓанин запишани во избирачкиот список. И тука, како што информира претседателката на ОИК Лена Милошеска, се е во ред со гласањето.

Во општина Пласница се гласа на девет избирачки места, право на глас имаат 5.045 граѓани запишани во Избирачкиот список. Гласањето почна на време и се одвива според предвидениот протокол, информира преседателот на ОИК, Ангел Мехмед.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа