Денеска попладне, на магистралниот пат Зајечар–Параќин во источна Србија, се забележува силна снежна меќава која сериозно го отежнува сообраќајот.

Снимката ја објави Инстаграм страницата „192_rs“, заедно со предупредување до граѓаните да не тргнуваат на пат ако тоа не е неопходно.

Поради големите наноси од снег, возачите се советуваат да користат задолжителна зимска опрема и да ги одложат патувањата доколку тоа е можно. На видеото се гледа како возилата тешко се пробиваат низ завеаниот коловоз, додека видливоста е значително намалена, што дополнително го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди.

Exit mobile version