Без нервози на студот - помешајте ги овие состојки и шофершајбната ќе се одмрзне

Дека средствата за одмрзнување на стаклата не се толку ефикасни, знаат сите кои веќе ги пробале на сериозно замрзнатите стакла.

На температура од -5 степени Целзиусови стаклата можат да се одмрзнат дури после десетина секудни. Но, доколку станува збор за подебел слој на мраз, на пример 1-2 илиметри, десетте секунди лесно ќе се претворат во 10 минути.

Средство за одмрзнување на стакла од автомобил може да направите и сами дома и така да заштедите на пари. Еден литар 96 процентен алкохол кој сте го купиле во аптека помешајте го со еден литар вода и така ќе добиете 2 литри еднакво ефикасно средство.

Иако солта е многу делотворна во одмрзнување на мраз, никако немојте да ја користите на автомобилите, биејќи е исклучително корозивна и многу брзо неповратно ќе ги оштети металните делови од автомобилот. Исто така не истурајте врела вода врз замрзнатото стакло, бидејќи може да дојде до пукање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега