Бетмен со порака на Фејсбук: „Браќа до крај. Браќа за цел живот“

 

Богдан Илиевски на својот Фејсбук профил објави фотографија на која е заедно со Владо Јовановски, Борис Дамовски и Игор Дурловски. Под фотографијата тој напиша „Браќа до крај. Браќа за цел живот“.

Оперскиот пејач денеска во 12 часот во Кривичниот суд ќе дознае дали е прогласен за виновен или ќе биде ослободен од вина за насилниот упад во Собранието, бидејќи тој не побара амнестија, па затоа продолжи да му се суди.

Покрај Дурловски, на обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега