Бесправно си изградил викендичка во близина на Дебарското езеро

 

Жител на дебарското село Џепиште заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

-Полициската станица од општа надлежност од Дебар, поднесе кривична пријава против М.Б.(65) од дебарското село Џепиште. Пријавениот, извршил узурпација на две катарстарски парцели, првата во месноста „Манастирец“, попозната како Три чешми покрај брегот на Дебарско Езеро во сопственост на манастирот „Св. Арахангел Гаврил“, а втората во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со патишта, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, на узурпираните вкупно 608 метри квадратни, М.Б. си изградил викендица.

-Со извршување на казнените дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 934.800 денари, МПЦ-ОА ја оштетил за 848.700 денари, а Јавното претпријатие во износ од 86.100 денари, додаде Димоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега