Бесплатен паркинг за лицата со попреченост од општина Карпош на територијата на цело Скопје

Лицата со попреченост, преку бесплатни картички од ЈП „Градски паркинг“, ќе можат да користат поволности за паркирање на своите возила на територијата на цело Скопје, соопштуваат од општина Карпош.

Бесплатна картичка за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието можат да добијат лица  со попреченост со утврдена дијагноза односно дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80 проценти, утврдено со акт на надлежната комисија во фондот на ПИОМ, слепи лица со оштетување на видот над 90 проценти.

Потребни документи за аплицирање се : важечка лична карта – на увид, копија од сообраќајна дозвола, ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување – на увид, лекарски наод од специјалист – на увид, потврда од матичен лекар за точно наведена дијагноза – оригинал,  членска книшка од здружение за телесно инвалидизирани лица – на увид, пополнет образец Барање – Договор (задолжително двострано печатење) на електронската адреса lpp@gradskiparking.com.mk.

За решавање на проблемот со паркирањето, локалната самоуправа спроведе и анкети за воведување на регулација на паркирањето. Спроведени се анкети во Карпош 1 и Карпош 2, при што доминираат одговори за воведување на зонско паркирање.

Од општината велат дека вакви анкети ќе се спроведат и во други населби, а зонското паркирање би се спровело во соработка со ЈП „Градски паркинг“ и подразбира бесплатен паркинг за резиндентните граѓани, но не и за жителите на подалечни населби и општини.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа