Беснее пожар на грчкиот остров - проблем е силниот ветер

 

Два шумски пожари беснеат на грчкиот остров Закинтос, во областа Макерадо и Колименос, но засега блиските села не се загрозени, соопштиле локалните власти. Пожарот се гаси со 10 возила, со помош на авион и хеликоптери, пренесува агенцијата АНА.

Локалните власти наведуваат дека пожарот се зголемува поради силниот ветер.

Во разорниот пожар кој се случи во Атика, бројот на жртвите се зголеми на 93.

Таму во средата избувна нов пожар, а во гаснењето е вклучен и хеликоптер.

 

 

 

10.08.2018 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа