Бесими-Галовеј: Поддршката од Обединетото Кралство – клучна во креирањето нов подобар систем на јавни финансии во земјава

Поддршката на Обединетото Кралство е од големо значење за реформите што се преземаат во делот на јавните финансии, како новиот Закон за буџети кој е во финална фаза на изработка и во следниот период ќе се најде на Единствениот национален електронски регистар на регулативи на Република   Македонија – ЕНЕР, како и интегрираниот информациски систем за управување со јавни финансии.

Ова, како што соопшти Министерството за финансии, е посочено на денешната средба помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј.

-Со поддршка од Обединетото Кралство, како и преку твининг проект преку ИПА, изготвени се овие значајни реформи, кои ќе донесат клучни промени во секторот јавни финансии, како среднорочно буџетирање, интегриран систем што ќе следи од планирање до реализација на расходите, како и зголемување на транспарентноста и контролата преку воведување Фискален совет, стои во соопштението.

На средбата е истакнато дека новиот Законот за буџети е во финална фаза на изработка, како и дека во наредниот период, Министерството за финансии, во соработка со Светска банка и Владата на Обединетото Кралство, како и преку твининг проектот од ИПА преку ЕУ, ќе продолжи да работи на подготовка на подзаконски акти, насоки, прирачници и сл., чија цел е операционализација на новиот Закон за буџетите и понатамошни подобрувања на системот за управување со јавните финансии.

Министерот за финансии Бесими објасни дека овие реформи се дел од СМАРТ концептот на јавни финансии што ќе се применува во следниот четиригодишен период и кој ќе биде насочен кон стратешко планирање и мерење на резултатите, притоа спроведувајќи виско ниво на фискална трансапрентност.

На средбата беа дискутирани и предизвиците со кои се соочуваат земјите и глобалната економија со ковид кризата, а исто така беше истакната заложбата за продлабочување на билатерланата соработка во повеќе сфери помеѓу двете пријателски земји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега