Беше сопруга на миленикот на жените, а сега на 44 години плени со својата појава – го покажа бујното деколте

Мишел Хунзикер постојано била со насмевка на своето лице додека уживала на плажа со своите прекрасни ќерки.

Манекенката и на 44 годишна возраст покажала дека нејзиното тело навистина изгледа прекрасно и привлечно.

Водителката која што се занимава и со актерство и пеење, уживала на плажа во Италија со ќерките Соле и Целесте.

Убавицата цело време си играла со своите ќерки и постојано имала широка насмевка на лицето.

Во текот на престојот на плажата и морето таа пленела со својата појава, затегнатото тело, бујните гради.

Инаку, Мишел е позната по тоа што била сопруга на популарниот пејач и миленик на женската публика Ерос Рамацоти.

Нивниот брак траел 11 години, а од истиот ја добиле ќерката Аурора (23).

Ерос своето татковство го прослави со песната „"L'aurore “, а на манекенката ѝ го напиша неговиот хит „Più bella cosa “.

Наводно парот се развел затоа што Мишел била припадничка на швајцарска секта, а пејачот ѝ дал ултиматум, но таа одлучила дека најдобро е да се разведат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа