Беше сон на секој маж, а потоа животот ѝ се претвори во пекол: Банкротираше, беше верена со зависник, а изгледот целосно ѝ се промени

Актерката Никол Егерт се прослави со улогата во серијата „Baywatch“ кога имаше само 19 години. Поради улогата ги зголеми градите, а благодарение на атрактивниот изглед стана сон на многу мажи.

Но, деновите на слава се далеку зад неа. Егерт денес ретко се појавува во јавноста, но и изгледа потполно поинаку.

На 13-ти јануари, таа наполни 50 години, а од некогаш фаталната русокоса како да не останала ниту трага.

Освен што веќе долго време се бори со вишокот килограми, Никол пред неколку години ги извади имплантите. Таа, се чини, не придава големо значење ниту на стајлинзите, па така често папараците ја „фаќаат“ како шета на улиците во тренирки.

Егерт во 2013 година прогласи банкрот, по што започна бизнис со сладоледи. Има 2 ќерки - 24-годишната Дилин Елизабет и 10-годишната Киган.

Некое време актерката беше верена за канадскиот актер Кори Хајм на кого неколку пати му го спасила животот од предозирање, а од 2000 до 2002 година беше во брак со Џастин Хервик, со кој ја доби и првата ќерка.

18.01.2022 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега