Беше ѕвезда во 80-тите и сите гледаа во нејзините гради: Саманта Фокс сега продава градници за 100 евра

53-годишната Саманта Фокс во 80-тите била една од најпосакуваните пејачки на светот, а уште на 16 години, кога ја започнала кариерата, било јасно дека ќе биде ѕвезда.

Почнала како модел, за во 1986-та година да влезе во светот на поп музиката. Саманта се фотографирала за "Playboy" во 1996-та година, а не крие дека тоа би го направила и денес. ТАа всушност сака да им докаже на жените дека во стареењето нема ништо лошо. 

Сега Фокс ги продава своите работи од времето кога била славна. Заинтересираните може да станат сопственици на градници, корсети, трикоа и дизајнерски фустани кои ги носела токму Саманта, но ни тоа не е се.

"Парчињата облека доаѓаат со потписот на Саманта и со фотографија која ја потврдува автентичноста на артиклот", пишува во описот на производот.

Градниците може да се најдат по цени од 100 евра, додека бикинито кое го Саманта го носела за време на снимањето на шоуто "I'm a Celebrity" веќе било продадено за речиси 300 евра.

Во приватниот живот била во љубовни врски и со мажи и со жени, а пред 15 години објавила дека ја сака својата менаџерка Мајра Стратон, со која била до нејзината смрт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега