БЕСА во Кичево: Не веруваме дека има Албанец кој ќе гласа против на референдум

Во попладневните часови Движењето „Беса" крилото на Африм Гаши, во Кичево под мотото „За европска Македонија", најпрвин одржа марш низ булеварот „Ослободување", а потоа под истото мото во Домот на Кутурата "Кочо Рацин" пред членовите и сиппатизерите на ова партија одржаа и трибина.
 
На трибината, покрај челните луѓе на огранокот на ова партија во Кичево, беа присутни и високи функционери на партијата на централно ниво предводени од претседателот Африм Гаши.
 
Трибината ја отвори преседателот на огранокот на ова партија Мазлам Османи кој истакна дека економските бенифити од зачленувањето во ЕУ се непроцеливи и многу големи, но и оти со зачленувањето во НАТО одиме кон западната цивилизација.
 
Генералниот секретар на партијата Скендер Реџепи рече дека не верува оти има Албанец што ќе гласа против во овој референдум бидејќи, како што рече, едно „За“ на референдумот носи огромни бенифиции за целото општество.
 
Од друга страна, рече, едно „не“ носи уназадување и затоа, потенцира тој, треба да кажеме „да“ на европската цивилизација и напредок.
 
Пресрдателот на партијата Африм Гаши рече дека со влезот во ЕУ и НАТО не губиме од вредностите што ги имаме туку напротив ги зајакнуваме. Тој е убеден дека референдумот ќе успее и оти потоа и оние пратеници кои може имаат некоја резерва ќе се убедат и ќе гласаат за потребните измени на Уставот. 
 

 

 

21.09.2018 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега