Беса Транс: Автобусот не шверцувал нафта

Компанијата „Беса Транс“, која овие два дена е главна тема во јавноста по страшната автобуска несреќа, која се случи во Бугарија, каде што загинаа 46 патници тврди дека во никој случај не шверцувале нафта.

„Како агенција ги информираме сите, семејствата на починатите и повредените во трагичниот случај, дека автобусот во никој случај немал багаж за шверц на бензин или нафта. Сите овие шпекулации се злонамерни. Вкупниот капацитет на автобусот беше 450-500 литри нафта за самиот автобус, а во никој случај немаше резерва за шверцерски цели. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ги користат овие дезинформации“, велат од Агенцијата.

24.11.2021 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега