БЕСА: Фалсификувањето и манипулацијата ќе се соочат со законот

Од Движењето БЕСА на денешната прес-конференција за медиумите информираа дека е поднесена кривична пријава против поранешниот претседател на Движењето  за злоупотреба на службената должност „правен застапник на Движењето БЕСА пред органите на правдата“ и фалсификување на документацијата на Движењето, додека во Управниот суд е поднесено барање за  поништување на фалсификатот што го направил тој во документите на Движењето БЕСА во надлежниот основен суд.

„После ова, тој и неговиот клан, од кои некои се повикуваат на легалноста, сега веќе ќе треба да одговараат пред органите на правдата за киднапирање на политичката партија за тесни лични и клански интереси. Притоа уште еднаш повторуваме дека ова манипулација е направена во времето кога активистите на БЕСА му веруваа нему и покажуваа лојалност кон него, што подразбира дека задачата за поделба и уривање на БЕСА тој ја започнал одамна, се разбира под директива.  

Поаѓајќи од ова, уште еднаш ги повикуваме и оние, кои можеби во недостаток на потребните информации заземале погрешна страна, да сфаќаат дека поранешниот претседател на Движењето БЕСА наскоро ќе седне на обвинителната клупа за фалсификување. Затоа, ги повикуваме сите да се позиционираат на страната на правдата и да знаат дека не само идејата, туку и организацијата Движење БЕСА, била и ќе остане против тие кои со манипулација се трудат да ја здржат позицијата. 

Правдата може да доцни, но не заборава. Беса, и покрај штетата и предавството што и го нанесоа, ја продолжува мисијата на заштита на идеалот и идејата“ - информираат од БЕСА.

 

 

 

13.03.2018 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа