БЕСА бара измени на изборниот модел но со 3 изборни единици

Движењето Беса ја поддржува иницијативата на 12 пратеници за измени на изборниот модел поднесена до Собранието, но наместо една изборна единица, бара три и наместо затворени се залага за отворени листи.

 - Бараме и изборните единици од 6 да се намалат на 3 бидејќи тоа ја одразува реалноста во државата, а тоа е дека одредени етнички заедници гласаат во одредени региони, рече денеска пратеникот од оваа партија Фадил Зендели.

За потсетување, 12-мина пратеници од 10 партии и еден независен пратеник формираа иницијатива во Собранието за една изборна единица. 

Групата пратеници била формирана на 11. септември од страна на Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Рубин Земон, Ферид Мухиќ, Мирослав Јовановиќ, Панчо Минов, Самка Ибраимоски, Јулиана Николова, Јусуф Хасани, Реџеп Мемеди, Алија Камбероски и Амди Бајрам, а стојат за иницијативата велат дека ваков начин ќе се обезбеди поголема транспарентност и инклузивност на целиот процес, како и почитување на волјата на оние граѓани кои очекуваат демократизација на земјата преку измени во изборниот модел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега