Берта од „Два и пол мажи“ заврши на респиратор

Ѕвездата на серијата „Два и пол мажи“, актерката Кончата Ферел позната по улогата на Берта претрпела тежок срцев удр по што завршила на респиратор и се бори за живот.

Американскиот ТМЗ пренесува дека таа во болница завршила уште во мај поради проблеми поврзани со инфекција со која се борила минатата година. Само неколку дена подоцна доживеала срцев удар. Четири недели поминала на одделението за интензивна нега по што е префрлена на оддел за долготрајно лечење. Таму во моментот е на респираторна поддршка и е полусвесна, но не може да комуницира.

Сопругот не може да ја посети поради ситуацијата со коронавирусот, а вели дека информации за нејзината состојба дознава од медицинските сестри.

Нејзиното опоравување во моментот е неизвесно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега