Берни Сандерс се огласи за мемињата (ВИДЕО)

 

Ако се прашувавте дали американскиот сенатор Берни Сандерс ги видел мемињата инспирирани од неговата поза на седење во текот на инаугурацијата на Џо Бајден, одговорот е потврден.

Гостувајќи во Late Night со Сет Мејерс, Сандерс ја објасни приказната зад фотографијата која стана хит на социјалните мрежи.

„Само седев и се обидував да се стоплам“, вели Сандерс за фотографијата на која седи со скрстени раце, облечен во дебела јакна и плетени ракавици.

Американскиот сенатор гласно се насмеа кога водителот му покажа неколку мемиња меѓу кои и она на кое седи покрај актерките од „Sex and the City“. Тој повторно ја раскажа приказната за волнените ракавици, кои станаа хит на интернет, а кои се подарок од учителката Џен Елис од Вермонт.

Сандерс стана хит на интернет, неговата поза се појави во спотови, НБА натпревари, на риболов со Путин, на последната вечера на Да Винчи, во „Star Wars“, „The Lord of the Rings“, „Star Trek“, дури и во ММА рингот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега