Берлускони се извлече: Најтешки ми беа првите три дена, мислев дека нема да преживеам

„Најтешки ми беа првите три дена во болница. Ми се чинеше дека нема да преживеам, имав болки во целото тело“, изјави поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони кој беше 10 дена хоспитализиран во миланската болница „Сан Рафаеле“.

Во интервјуто за дневниот весник „Кориере Дела Сера“, Берлускони изјави дека се уште „нема сила“, но и дека тоа е една од карактеристиките на лицата заразени со коронавирус.

Берлускони моментално е во карантин во својата куќа во Милано и после вториот негативен тест на коронавирус ќе може да се смета дека целосно оздравел.

„Додека лежев болен, никогаш не ја изгубив надежта и до крајот верував во компетентноста на докторите. И, тоа е мојата порака до сите, не очајувајте, борете се и немојте да ја губите надежта дека ќе оздравите“, изјави Берлускони.

На прашањето за евентуалниот втор бран на пандемијата и можноста од нов карантин, Берлускони изјави дека воведувањето на новиот карантин би бил „хуманитарна и економска катастрофа за Италија“.

„Не смееме да го намалиме вниманието, ниту пак да ги игнорираме мерките за заштита. Вирусот е околу нас, погледнете го случајот со Израел, мораме да направиме се, поединечно и сите заедно, да ја намалиме опасноста од ширењето на Ковид-19“, изјави Берлускони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега