Берлускони итно пренесен во болница во Монако- било премногу ризично да го носат до Италија

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, бил итно пренесен во болница во Монако поради проблеми со срцето, потврди неговиот личен лекар Алберто Зангрило. Тој за италијанските медиуми кажал дека го видел Берлускони (84) во понеделникот и дека решил да го префрли во блиската болница, но и дека смета дека не е паметно да го донесат во Италија, која е оддалечена околу 15 километри.

Во моментов не се знае каква е здравствената состојба на Берлускони и дали неговите проблеми со срцето се надминати.

Берлускони имаше операција на срцето во 2016 година, а преживеа и рак на простата. Тој лани во септември беше хоспитализиран поради короната, а откако се опорави, изјави дека вирусот бил „еден од најопасните предизвици за неговиот живот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега