Берлускони има нова девојка и тоа 54 години помлада од него- Запознајте ја Марта (ФОТО)

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, познат по своите сексуални испади официјално раскина со партнерката, за да почне да се гледа со жена 54 години помлада од него.

Милјардерот има 84 години и ја напушти Франческа Паскале која има 34 години, после врска која траеше 12 години, но сепак ќе останат пријатели.

Франческа навела дека Берлускони ќе и остане драг пријател и дека му ја посакува сета среќа на овој свет.

Берлускони кој зад себе има два брака и врската со Франческа, а сега започнал да се се гледа со Марта Фачине која има 30 години и е негов соработник во партијата.

Италијанските таблоиди и порано пишуваа за неа дека има навика да преспива во неговиот дом, наводно за да биде веднаш достапна за работни состаноци.

Таа живее луксузна вила кја Берлускони и ја купил, а неодамна беше и објавена и фотографија од парот како излегува од хотел во Швајцарија.

Берлускони веќе беше осуден на 7 години затвор поради проституција со малолетнички на вечери кои ги организирал, а се претварале во оргии.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2020 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега