Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Скопје - д-р Никола Пановски носител на советничка листа

„Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” го објави проф. д-р Никола Пановски како носител на листата и кандидатот за градоначалник на Скопје пејачот Бени Шаќири.

-Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани. Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред се’ и над се’. Луѓе кои ќе обединуваат, беше речено на промоцијата на кандидатите.

Шаќири рече дека како граѓанин се чувствува изневерен од тоа што се случува во Скопје и повика граѓаните да се приклучат на движењето Одлучно за промени бидејќи на градот, како што рече, му требаат нормален градоначалник и нормален прв човек на Советот.

„Јас како активен учесник во рушење на еден режим дадов глас и се залагав сесрдно да помогнам да се менуваат работите на подобро. Јас како граѓанин на Град Скопје, сум лично изневерен. Така што, мислам дека треба да се обидеме сите заедно да направиме барем нешто што може да нè натера да успееме да го направиме овој град достоинствен за живот. Какви се денеска состојбите мене воопшто не ми се допаѓа и токму тоа е мојот мотив да се вклучам во овој процес, па макар и изгубил. Но, се разбира дека секој од нас оди понатаму, оди напред и се труди да дојде до победа. Без вас оваа наша намера нема да значи ништо, затоа ве молам да се приклучите на движење на ДОМ и ЛДП Одлучно за промени. Доста молчевме и доста дозволувавме да доаѓаат маргиналци, да не водат во пропаст. Конечно на Скопје му треба нормален градоначалник и нормален прв човек и носител на листа во Советот на Град Скопје“,  рече Шаќири.

 

 

05.09.2021 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега