Бени Ганц избран за претседател на Парламентот на Израел

Главниот ривал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Бени Ганц денеска е избран за претседател на Парламентот.

Со само делумна поддршка од партијата Сино бело и поддршка од десничарскиот Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Ганц беше избран со 74 гласови „за“ во Кнесетот кој има 120 места.

Овој потег ја остава отворена можност за договор за ротирање на Ганц и Нетанјаху на премиерската функција, коментираат светските агенции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега