Бендот на американски воздухопловни сили ја изведе химната на НАТО во чест на нашето членство

Бендот на американските воздухопловни сили во Европа, во чест на членството на Северна Македонија во НАТО, како и Денот на Алијансата – 4 Април, во базата Рамстајн во Германија ја изведе химната на НАТО, во нивен аранжман, соопшти денеска Министерството за одбрана.

-Дел од нашата единица требаше овој викенд да биде во Скопје, но заради пандемијата со КОВИД – 19, настанот е откажан. Но, ние сакавме да го одбележиме Денот на НАТО и членството на Северна Македонија во Алијансата. Добредојдовте во НАТО!, истакнала командантката на овој бенд, Кристина Мор Уритиа.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил денеска напиша дека прославата на Денот на НАТО, со гостување на воените оркестри на САД и Словенија, е одложена за подобри времиња.

-Денот на НАТО планиравме да го прославиме со гостување на воените оркестри на САД и Словенија. Поради кризата предизвикана од корона вирусот, тоа го одложивме за подобри времиња. Но, еве ја музичката честитка од далечина, во чест на нашето членство, напиша министерката Шекеринска на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2020 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега