Белоруските власти им забранија на граѓаните да ја напуштат државата преку копно

Белорусија ја ограничи можноста на своите граѓани да ја напуштат државата преку копно, дозволувајќи им на само оние со дозволи за постојан престој во друга држава да ја напуштат земјата, додека опозицијата мерката ја оквалификува како „апсолутно кршење на законот”.

 

Белоруската погранична служба во својата порака на социјалната мрежа Телеграм наведе дека само „граѓаните кои имаат документ со кој се потврдува нивниот постојан престој во странство” имаат право да ја напуштат Белорусија.

 

Во соопштението е наведено дела „дозволата за привремен престој не е причина за патување во странство”.

Белорусија воведе ограничувања за патување во странство во декември 2020 година, официјално поради пандемијата со ковид-19. Напуштањето на земјата по копно е можно најмногу еднаш во шест месеци.

– Режимот (на претседателот Александар Лукашенко) сериозно го ограничи правото на Белорусите да патуваат, тврдејќи дека одредени причини не се доволни за да ја напуштат Белорусија, објави на Твитер, Валери Ковалевски, советник за надворешни работи на опозицискиот лидер Светлана Тихановскаја.

Ковалески додаде дека Уставот не предвидува никакви услови за напуштање на земјата, оценувајќи дека тој претставува „апсолутно кршење на законите”.

01.06.2021 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега