Белград: Мајка си го фрли детето од зграда, па потоа и таа скокна од тераса

Една мајка си го фрли петгодишното дете во Миријево од трети кат, но за среќа тоа го преживеало падот и нема посериозни повреди, соопштија од Ургентниот центар.

Момчето немало повреда на главата, а тоа е најважно, по што било префрлено во Институт за мајка и дете како пациент.

„Момчето нема скршеници. Свесно е и комуницира, а само вели дека му се спие“, откриваат од болницата.

Мајката има повеќе скршеници, но е надвор од животна опасност.

13.05.2022 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега