Министерот за надворешни работи на Кралството Белгија, Максим Прево, денеска ја започнува својата прва дводневна официјална посета на Македонија. Домаќинот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во МНР ќе го пречека својот белгиски колега на разговор „тет-а-тет“, по што ќе следува пленарна средба на делегациите.
Главниот акцент на разговорите е ставен на европската иднина на земјата и зајакнувањето на економските врски меѓу Скопје и Брисел.
„Централни теми ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, како и перспективите на процесот на проширување на ЕУ, вклучително и натамошната белгиска поддршка за нашата европска интеграција“, информираат од македонското МНР.


