Белгија забрани да се патува во Македонија поради Ковид-19

По повеќе дена преговори, Белгија ја објави својата листа на дозволени дестинации за своите граѓани, Северна Македонија не спаѓа во нив, јави дописничката на МИА од Брисел.

Со ова Белгија ја следи и препораката на Советот на ЕУ кој на 30 јуни објави препорака до сите 27 земји членки за отворање на границите. Белгија дури денеска го соопшти конечниот договор.

За Македонија, Министерството за надворешни работи објаснува дека „бројот на случаи на Ковид-19 во Северна Македонија силно и постојано расте. Епидемиолошката состојба јасно се влоши од почетокот на јуни месец“.

Поради ова, белгиските власти оценуваат дека за нивните граѓани патувањата надвор од ЕУ, вклучително и Северна Македонија остануваат забранети.

Што се однесува до Србија и Црна Гора, кои се на белата листа на Советот на ЕУ, Белгија сепак одлучи дека само патувањата од „суштинско значење“ се дозволени во овие земји. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега