Белата куќа „војува“ со главниот државен епидемиолог

Белата куќа сѐ повеќе го критикува американскиот експерт за инфективни болести, Ентонио Фаучи со зголемување на тензиите меѓу Фаучи и претседателот Доналд Трамп.

Претставник на Белата куќа вчера објави листа на изјави за кои смета дека се проблематични, јавува Би-Би-Си.

Меѓу нив се променливите препораки на Фаучи за носење маски и предупредувањата дека ситуацијата со коронавирусот во САД е сериозна.

Во документот кој викендот излезе од Белата куќа се наведува дека неколку претставници се загрижени поради бројот на грешки на доктор Фаучи.

-Кога ќе ме прашате дали ги слушам советите на Фаучи, мојот одговор е само само претпазлив, вели советникот Питер Наваро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега