Бектеши: Поддршка за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

Давам целосна поддршка на одлукaта за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Како надлежна институција во областа на енергетиката Министерството за економија во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите, напиша на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши по повод одлуката на Управниот одбор на АД ЕСМ за кадровски промени со кои се разрешени директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Министерот во објавата повторува дека ќе нема ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година, ниту пак рестрикции на електрична енергија.

-Посветено ја следиме работата на сите енергетските компании, напиша Бектеши.

На седница на УО на АД ЕСМ беше донесена одлука за разрешување на директорите на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и ба РЕК Осломеј  Златко Пиперкоски.

За в.д. директор на РЕК Битола е назнаечн Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана, а во РЕК Осломеј Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во Рудници.

Од АД ЕСМ најавија дека во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза.

Владата на 9-ти ноември годинава по барање на Комисијата за следење на состојбата во енергетскиот сектор, составена од Министерството за економија, донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена. Со одлуката се создаде можност да се вбризгаат финансиски средства во енергетските компании со цел да се стабилизира состојбата на пазарот на електрична енергија.

24.11.2021 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега