Бектеши по нападите од Мицкоски: Јас сум Албанец, над 600.000 Албанци живеат во Северна Македонија, таа е моја колку што е негова
Министерот за економија, Крешик Бектеши гостуваше во „10 минути“ на „ТВ21“ при што зборуваше за различни теми.
Бектеши воедно вечерва му одговори на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека за него е чест што е министер на Република Северна Македонија, но и одговорност затоа што ги застапуваа сите граѓани во државата и сите етникуми.
– Што се однесува до мојата изјава јас се произнесов дека по националност сум Албанец и ова е реалност, исто како што е реалност дека над 600.000 илјади Албанци живеат во Северна Македонија. Колку што Северна Македонија му припаѓа на господинот Мицкоски, толку ми припаѓа и мене. Колку што се грижам јас толку треба и тој да се грижи. Не треба да го оживееме национализмот, да не го поларизираме општеството со вакви теми затоа што имаме позначајни работи. Главниот фокус за нас како Влада, но и за нив како опозиција, треба да биде подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави Бектеши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа