Бектеши откри кој сѐ ќе биде опфатен со петтиот пакет мерки за финансиска помош

Петтиот пакет мерки за помош на стопанствот ќе има развојна компнента за разлика од претходните. Министерот за економија, Крешник Бектеши во „10 Минути“ на ТВ 21 откри кој сѐ ќе биде покриен со државата помош.

Според него, целта на новиот пакет е зачувување на работните места, помагање на зголемувањето на ликвидноста на компаниите.

-Развојната компонента ќе биде во насока на тоа компаниите да бидат проактивни, да покажуваат резултати во текот на 2021 година а со тоа секако дека и државата ќе стои позади каде што ќе ги награди на некој начин тие компании кои во нивните извештаи за 2021 ќе имаат позитивни резултати во делот на зголемување на работните места, во исто време и зголемување во делот на приходите, порача Бектеши.

Вели дека Владата веќе утврдила дека ќе продолжи мерката за финансиска поддршка на плати за вработените во приватниот сектор.

 Ќе биде скалезна поддршка од 14.500 до 21.767 денари, но секако ќе има поддршка и за медиумите, тутунарите, директна поддршка за сите граѓани а посебно за тие категории на граѓани кои повеќе имаат потреба и имаат пониски примања. Сите компании кои имаа намалување на приходите од 30 отсто па нагоре беа поддржани со финансиска поддршка за исплата на плати, и со тоа ќе продолжиме – посочи Бектеши.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега