Бектеши: Нов Закон за заштита на потрошувачите - со глоби до 10.000 евра и забрана за вршење на дејност до две години

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои новиот Предлог закон за заштита на потрошувачи.

„Потрошувачите чии права се повредени со користење на нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики од страна на трговецот имаат право на надомест на штетата која ја претрпеле, имаат право и на сразмерно намалување на цената и раскинување на договорот, додека за трговците следат глоби, санкции и забрана за вршење на дејност.

-За прекршување на одредбите од овој Закон предвидени се и глоби и тоа:
-За микро трговци глоба во износ од 500 до 1.000 евра, а 150 евра за одговорното лице;
-За мал трговец глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра, а 250 евра за одговорното лице;
-За среден трговец глобата изнесува од 2.000 до 5.000 евра, а 350 евра за одговорното лице;
-За големите трговци глоба во износ од 5.000 до 10.000 евра, а 500 евра за одговорното лице;
-Глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичкото лице, односно на трговецот - поединец за прекршокот.

Во делот на прекршочните санкции предвидена е привремена забрана за вршење на дејност и тоа во траење од три месеци до две години, од страна на надлежен суд за среден трговец и голем трговец и од 15 до 30 дена за микро и мал трговец, од страна на Комисијата за одлучување по прекршок.

На одговорните лица пак е кај правни лица, е предвидена забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година, од страна на надлежен суд, а кај трговецот-поединец во траење од 15 до 30 дена, од страна на Комисијата за одлучување по прекршок“, кажа Бектеши.
21.06.2022 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега