Бектеши: Не може во време на војна компаниите да прават исти профити како пред неа

 

Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва гостуваше во „Вин Вин“, каде што дискутираше на различни теми.

„Не може во време на војна компаниите да прават исти профити како претходно. Ако компаниите инвестираат во дополнителни капацитети, тоа е слично, но ако има ист ситуација оваа година како и претходната. Ако претходната година зацртале одредена сума на профит, како што ние како Влада ги ревидираме нивните проекции, тоа треба да го направат и трговците, 80 отсто од тие производи кои беа во првичната одлука, ќе донесеме дополнителна одлука во делот на трговија и начинот на вршење трговија со тие продукти“, вели Бектеши.

Бектеши ги повика граѓаните да пријават во Државниот пазарен инспекторат ако забележат големо зголемување на цените на одредени производи.

09.06.2022 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега