Бектеши: Ј.К. грее базени и копа криптовалути, вие го знаете, не е Јелена Карлеуша
Министерот за економија, Крешник Бектеши кажа дека цената на ел. Енергија е зголемена само во четвртиот блок.
Бектеши на седницата за пратенички прашања кажа дека граѓаните ќе плаќаат исти цени за струја, а некои и помалку.
„Греат базени, копаат криптовалути. Го знаете и самиот, Ј.К. Не е Јелена Карлеуша. Вашиот, што ве финансира. Денеска се жалите зошто ние ги браниме граѓаните во првиот, вториот и третиот блок“, кажа Бектеши.
29.06.2022 - 18:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа