Бектеши: Извинување до новинарите, нивната улога е клучна во нашето општество

Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил им се извини на новинарите.

„Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции.
Но, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации.
Од ваков карактер беше и вчерашниот случај со новинарката Катерина Капкоска, на која лично и се извинувам доколку без намера ја навредив.
Мојата соработката со сите новинари ќе продолжи и во иднина, имајќи најголема почит кон нив.
Во однос на Телевизија Телма, имам огромна почит за нивните професионални новинари, но нема да дозволиме преку конфликт на интерес да потпаднеме под притисок на компанијата Макпетрол која се обидува да задржи монопол на пазарот, на штета на граѓаните.
Во спротивно, Горди сме што се либерализираше пазарот на природен гас во државата, одлука која е во интерес на стопанството и на граѓаните, што за жал не е направено од осамостојувањето на државата."- стои во неговата објава.
 

03.02.2023 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа