Бектеши – Холштајн: Министерството за економија останува отворено за зајакнување на економската соработка со Германија

Економската соработка меѓу двете земји, мерките за справување со социо-економската криза предвизикана од коронавирусот како и економските политики на новата Влада за идниот развој на економијата, се дел од темите на кои се разговараше на денешната средба на министерот за економија Крешник Бектеши со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е Анке Холштајн.

Како што соопштуваат од Министерството за економија, на средбата биле истакнати пријателските односи помеѓу двете држави. 

Министерот Бектеши истакнал дека Министерството за економија и во наредниот период ќе остане отворено за секаков вид на соработка со Сојузна Република Германија. Со амбасадорката Холштајн се согласија дека ќе работат на дополнително унапредување на економските односи помеѓу двете земји. 

Амбасадорката Холштајн упатила честитка за изборот на новата Влада, како и за повторниот избор на Бектеши за министер за економија. 

– Сојузна Република Германија е наш најзначен трговски партнер од осамостојувањето до денеска, многу германски инвеститори работат со голем успех во нашата земја како резултат на тоа, потенцираше министерот и посочил дека има големи можности за натамошно зајакнување на економската соработка меѓу двете земји во повеќе области и индустрии. 

Министерот Бектеши се заблагодарил на поддршката од страна на СР Германија и посочил дека специјалниот советник Валтер Дефа кој го номинираше германската Влада да помогне со реформите во економијата, има интензивна комуникација во крерирање на решенија за понатамошен развој на соработката меѓу двете земји. 

Бектеши ги потенцирал приоритетите на Владата во наредниот период коишто се во насока на постигнување забрзан и одржлив економски раст преку зголемување на конкурентноста на македонската економија. 

Се заблагодарил за континуираната поддршка од страна на СР Германија за напорите кои ги прави нашата земја во остварувањето на европските аспирации и започнувањето на преговори за членство во ЕУ. 

Тој изразил надеж дека првата меѓувладина конференција би можела да се одржи наскоро, за време на претседавањето на СР Германија со Европскиот совет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа