Бектеши: Го откажав учеството на состанокот зошто се договоривме одлуки да се носат со консензус

За писмото, службите во Министерството за економија направиле грешка, ние ќе направиме ново писмо и ќе го испратиме, тоа е човечка грешка. Ние многу добро ги знаеме нашите договори со соседите, дека јазикот е македонски.

Ова го рече денеска минсстерот за економија, Крешник Бектеши на новинарско прашање во врска со писмото што го испратил до Енергетската заедница во Молдавија, а во кое наместо македонски, пишува „северномакедонски“.

- „Јас стојам зад мојата одлука потплоно имајќи предвид дека ние со Енергетската заедница имаме одлични односи. Ние се залагаме многу да имаме интегриран енергетски пазар во регионот. Ние имаме направено многу реформи во овој дел и сме шампиони во ова. Нема да чуествувам, имајќи предвид дека минатата година, кога јас бев претседавач, донесовме одлука да се носат одлуки со консензус, а ако една земја не присуствува, како ќе донесеме одлуки со консензус. Најважно ми е од овие придобивки да имаат граѓаните на Република Северна Македонија и затоа сум се залагал. Ако некоја земја не присуствува, треба да се запрашаме зошто тогаш постои Енергетската заедница“, рече Бектеши, пренесе Локално.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега