Бектеши: Единаесет жени претприемачи добија финансиска поддршка од државата за реализација на нивните бизнис планови

 Единаесет жени претприемачи денеска добија финансиска поддршка од Министерството за економија за реализација на нивните бизнис планови.

Финансиската поддршка се доделува во рамки на мерката „Субвенции за поддршка на жени претприемачи за која годинава аплицирале вкупно 23 компании. Поединечно, секоја од овие 11 компании ќе биде потпомогната со една до две илјади евра во зависност од апликацијата. Се субвенционираат 50 проценти од докажаните трошоци на компаниите, но не повеќе од 120 илјади денари по апликант.

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика сите жени претприемачи да ги искористат можностите што ги нуди оваа мерка и најави дека од следната година ќе се креираат и нови мерки за поддршка на женското претприемништво.

– Освен оваа мерка, која е наменета само за жените претприемачи, од оваа година воведовме и стимулативни мерки за компаниите кои се водени од жени. Така што бројот на компании кои се основани или управувани од страна на жените споредбено со минатата година е зголемен за над 16 проценти што е поттик за нас како Министерство и за Владата да креираме мерки и олеснувачки околности за жените претприемачи бидејќи има интерес од нивна страна, истакна Бектеши на денешната прес-конференција.

Мерката почна да се применува од 2012 година во рамки на Програмата за конкурентост, иновации и претприемништво. Во изминатите девет години преку оваа мерка субвенционирани се вкупно 152 компании во сопственост и управувани од жени со вкупно 14.198.105 денари. Гледано според дејноста, во 2015  и 2016  година доминираа сметководство-книговодствените работи, додека во 2017, 2018, 2019 и 2020  година  доминираат  дејностите од областа на  производството, преработувачката индустрија и разните услуги.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега