Бектеши: Цената на струјата ќе биде во интерес на граѓаните

Министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето на емисијата „Трилинг“ на ТВ24, ја повика и опозицијата, да седнат и да ги разгледаат и нивните анализи во однос на енергетската состојба и најавата за новата цена на струјата.

Околу најавеното поскапување на електричната енергија, Бектеши информира дека за одлуката е надлежна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

-Секако, цената ќе биде во интерес на граѓаните и домаќинствата. Правиме големи напори да нема ценовни шокови и во делот на слободниот пазар, каде се поголемите потрошувачи и индустријата во целина. Во делот на домаќинствата и малите потрошувачи, пазарот е регулиран и цените не можат да се менуваат, затоа што двапати годишно РКЕ носи цена за регулиран пазар. Наредната година ќе биде 60%. За домаќинствата да не плаќаат поголеми цени за електрична енергија, во јуни донесовме и сега ќе донесеме одлука за ЕСМ да ги покрива потребите на ЕВН Хоум од 100%, рече Бектеши.

03.12.2021 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа