Бектеши: Али Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Северна Македонија

Јас мислам дека Али Ахмети има уште многу да ѝ даде на политиката во Северна Македонија, имајќи предвид дека ние веќе ги решивме сите крупни прашања, сме пред целосно зачленување во НАТО, пред почнување на преговорите со ЕУ. Во ДУИ екипата што победува не се менува, а посебно не тренерот или лидерот. Секако дека ќе има измени во раководството на ДУИ, но најбитно за граѓаните и поддржувачите на ДУИ е дека ДУИ ќе излезе со една нова програма, која ќе биде заснована на пет столба, но тоа ќе го оставиме да се дообјасни на Конгресот. Јас мислам дека тоа ќе биде една од најдобрите програми на политичките партии што ги има, не само во Северна Македонија, зашто тука за ДУИ нема конкуренција, секако дека се знае, но тоа ќе биде една одлична политичка програма што секако дека во наредните години ќе се препишува и од другите партии во регионот, вели министерот за економија Крешник Бектеши од редовите на ДУИ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој во интервјуто изрази уверување дека ДУИ ќе биде одлучувачки фактор на следните избори.

- Не дека очекуваме повеќе пратеници, ние сигурно ќе ги добиеме и ДУИ ќе биде одлучувачки фактор на следните избори на тоа како ќе се движи Северна Македонија, а Северна Македонија нема друга алтернатива освен членството во ЕУ - кажа Бектеши.

 

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега