Бејли: Очекуваме напредок на Македонија кон НАТО

 

Американскиот амбасадор Џес Бејли ја реафирмираше поддршката на САД за интеграцијата на Република Македонија во НАТО. 

- Ние ги поддржуваме македонските аспирации за приклучување во НАТО веќе 25 години, секако очекуваме и сакаме да напредувате, одговори денеска Бејли на новинарско прашање дали на Самитот на ЕУ во Софија ќе се отвори патот на Македонија за Алијансата.

Американскиот амбасадор денеска присуствуваше на инфо сесијата за проектот на УСАИД со читање до лидерство, што се одржа во Градскиот парк во Скопје.

 

 

 

16.05.2018 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега