Бејли: Очекуваме Македонија како „Северна Македонија“ да стане членка на НАТО

 

Амбасадорот на САД во Македонија, Џас Бејли денеска гостуваше во вестите на Канал 5 телевизија.

Тој кажа дека важна работа е тоа што сме поканети да започнеме процес на пристапување кон Алијансата.

„Мислам дека во заклучоците важната работа е што Ве покануваат да го започнете процесот на пристапување во Северноатланската Алијанса. Се разбира, процесот на пристапување, како и за сите други земји, почнува со писмо од Генералниот секретар. Во тоа писмото ги наведува реформите и останатите мерки што земјата-апликант ќе ги исполни пред потпишувањето на пристапниот протокол и овој случај го вклучува исполнувањето на Договорот од Преспа. Така што, мислам дека ова е одлука. Ова е нормална одлука и и овозможува на Македонија да стане 30. членка на НАТО“, кажа Бејли.

Во врска со прашањето што ќе се случи доколку Договорот со Грција не се реализира, кај нас или во Грција, тој кажа дека одлуката е јасна - тоа е дел од пристапниот процес за НАТО.

„Мислам дека Генералниот секретар беше прилично јасен – дека тоа е дел од пристапниот процес за НАТО сега. Токму затоа, Соединетите американски држави се уверени дека Договорот ќе продолжи да се исполнува и целосно очекуваме Македонија како Северна Македонија да се стане членка на НАТО” рече амбасадорот на САД.

Посочи дека многу пати разговарал со претседателот Ѓорге Иванов за македонската иднина во ЕУ и НАТО и тој, како што рече, долги години беил силен поддржувач на тоа.

 

 

 

 

 

 

 

 

13.07.2018 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега