Бејл најдобар за месец август во Ла Лига

 
Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, кој се наоѓа во одлична форма, беше избран за број 1 за август во Ла Лига во анкетата на спонзорот „Mahou“, во која учествуваат фанови.
 
За двата натпревара на Реал минатиот месец, напаѓачот реализира два гола - против Хетафе и Жирона. Покрај тоа, Велшанецот постигна гол во домашниот меч против Леганес на 1 септември, а исто така беше на висина на задачата и во летните контроли. Тој, исто така, постигна гол за Велс во судирот со Република Ирска од Лигата на нациите.
 
По заминувањето на Кристијано Роналдо, Бејл се етаблира како стартер кај новиот тренер Хулен Лопетеги и веќе не размислува за трансфер во друг тим.
 

 

 

13.09.2018-16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега