Бегал со возилото од полицијата низ Скопје - Кога виделе што носи го привеле

Околу 19:10 часот од страна на полициски службеници кои извршувале редовни активности од областа на сообраќајот на улицата „Македонско Косовска Бригада“ и улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје, при издадена наредба за запирање на патничко моторно возило „Пасат караван“ со скопски регистерски таблици, возачот не запрел туку продолжил со движење.

Веднаш се преземени мерки и активности за негово запирање и на регионалниот пат Хиподром- Катланово во близина на Сточен пазар возилото било запрено.

Утврдено е дека возилото го управува 27-годишниот Р.Б. од Скопје и при преглед во возилото биле пронајдени околу три килограми марихуана.

Лицето било приведено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега