Бебето им умрело од глад: Родителите вегани го хранеле само со овошје и зеленчук

Американската двојка Шила (35) и Рајан О’Лири се обвинети за убиство и занемарување на дете откако 18-месечниот син им починал бидејќи го држеле на вегански режим на исхрана.

Шила изјавила дека детето се родило дома и дека никогаш не било на лекар. Бебето на веганската двојка починало од неухранетост зашто го хранеле само со овошје и сиров зеленчук, велат полицајците.

Кога умрело, рекла дека не го хранела со сирова храна повеќе од една недела, туку само го доела.

Шила рекла дека го доела синот во околу 4 часот утрината, дента кога почнал тешко да дише.

Била загрижена затоа што тоа првпат се случило, но рекла дека не повикала помош зашто заспала.

Прогласено било за мртво во семјната куќа во Кејп Корал на Флорида, откако мајката се разбудила и забележала дека не дише и дека е студено. 

Повикала полиција додека сопругот се обидувал да го оживее детето.

Обдукцијата покажала дека детето страдало од неухранетост, вклучувајќи и дехидрација, проблеми со црниот дроб и отекување на рацете, стапалата и потколениците. Шила рекла во полциија дека стапалата на детето му отекувале и неколку недели претходно и дека не одел толку како претходно.

Детето тежело само 4,8 килограми.

Кога полицијата го посетила нивниот дом видела дека двојката има уште три ќерки.

Двете девојчиња на возраст од 3 и 5 години, биле исклучително ситни и тежеле под просекот за нивната старост, а тенот им бил со бледо-жолтеникава боја.

На едното девојче забот ѝ поцрнел од пропаѓање, што барало оперативен зафат. Третото девојче изгледало поздраво и било ќерка на Шила од претходна врска.

Се претпоставува дека таа изгледала поздраво зашто останувала со нејзиниот татко по две недели, на секои два месеци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега