Бебе почина како последица на труење со метамфетамин откако неговата мајка го доела по повеќедневно конзумирање дрога, објави списанието People.
Трагичниот инцидент се случил во градот Тримбл, каде полициски екипи од округот Пирс интервенирале по пријава за бебе кое не давало знаци на живот. На местото на настанот полицајците се обиделе да извршат реанимација, но без успех.
Аутопсијата подоцна потврдила дека причина за смртта е труење со метамфетамин.
Поради овој случај, родителите Џеси Ли Кителсон (23) и Тејлор Џ. Олсон (23) се обвинети за убиство од прв степен и за хронично занемарување на дете со смртни последици.
Според полициската пријава, мајката признала дека користела дрога во текот на бременоста, како и три дена пред смртта на бебето. Таа тврдела дека го измолзувала и го фрлала млекото 48 часа по земањето дрога, верувајќи дека потоа е безбедно да го дои детето.
Таткото, пак, признал дека ја набавувал дрогата за двајцата.
Првото рочиште за овој случај е закажано за 2 септември, а на родителите им се заканува затворска казна до 60 години.


