Бебе изело марихуана: Поради вујкото од Србија, заврши во болница

Бебе старо само година и половина, завршило во болницаво Милано, откако докторите по детална анализа утврдиле дека во крвта на бебето има канабис.

Според италијанските медиуми таткото на бебето е од Египет, амајката Србинка.

Родителите во неделата се обиделе да го разбудат бебето, кое запспало, но бидејќи не реагирало, тие веднаш повикале брза помош.

За време на истрагата утврдено е дека кај нив на гости дошол вујкото на бебети, татко на мајката од Србија, а со него имал и марихуана која ја козумирал како џоинт.

Полицијата претопставува дека детето во омент на невнимание зело мало количество и го проголтало, па затоа не покренале истрага ниту пак постапка против родителите, додека вујкото ќе ги сноси последиците за незаконско поседување марихуана.

Од болницата велат дека бебето е добро, но за секој случај ќе остане во болница уште неколку дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега