Беа неразделни пријатели - Лепа Лукиќ се огласи за Боки13 по апсењето

Боки13 кој е првоосомничен за случајот „Рекет" и е во притвор заедно со бизнисменот Зоки Кичеец, имаше многу пријатели на српската естрада, а една од нив беше Лепа Лукиќ.

Таа е една од ретките кои дале изјава за српските медиуми за Боки13 по апсењето.

- Јас Боки го познавам девет години. Го запознав  кога учествувавме во реалното шоу, Големиот брат. Оттогаш се слушаме и гледаме понекогаш. Бев на отварањето на неговата телевизија во Македонија, а неколку пати ми среди за тезги за Нова година. Го познавам како многу фино момче, можам да кажам се најдобро за него. Е сега што било и што направил тој за да го уапсат, немам појма, изјавила Лепа за српските медиуми.

Таа рекла дека за неговото апсење не знае ништо и дека слушала и читала само по медиумите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега