Баша и за Круемади заработија кривични пријави за учество на протест без дозвола

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша и претседателката на третата по голема партија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Моника Круемади, заработија кривичи пријави за учество на синоќешниот протест организиран од страна на Алијасата за заштита на Националниот театар.

Тие,заедно со уште седум други лица, меѓу кои и лидерот на опозициската Републиканска партија, Фатмир Медиу, познатиот режисер Роберт Будина, популарниот рапер Стреси (Аркимед Луша) ќе одговараат за „организирање и учество во незаконски групирања и манифестации”.

„Кривични пријави се поднесени против девет лица бидејќи на 18 мај 2020 по 16:30 часот протестираа на нелегален начин, без дозвола на надлежните органи, нарушувајќи го јавниот ред и мир. Уште повеќе кога земјата се наоѓа во вонредна состојба поради пандемијата и забранети се  групирања и масовни собирања, стои во полициското соопштение.

Претходно Баша и Круемади беа парично казнети, а одземени им се и возачките дозволи поради непочитување на полициски час и мерките за заштита од ширењето на Ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега